Adam Abu-bashal
03 Јуни 2020•Ажурирај: 03 Јуни 2020
АБУЏА
Во западноафриканската држава Гана се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа танкер со гориво и минибус. Во несреќата животот го загубија 12 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во вестите објавени во националните медиуми се наведува дека во подрачјето Агора на патот Сведру - Винеба, возачот на танкерот со гориво ја загубил контролата над возилото и удрил во минибусот, по што избувнал пожар.
Во пожарот животот го загубиле возачот на танкерот и 11 лица кои се наоѓале во минибусот, а има и голем број повредени.
Властите информираа дека повредените се префрлени во болница и ја изразија својата загриженост од можноста за зголемување на бројот на починати.
Се претпоставува дека причина за несреќата е прекумерната брзина со која се движел возачот на танкерот.