Ali Cura
12 Февруари 2022•Ажурирај: 14 Февруари 2022
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, разговараше со американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, за ситуацијата во Украина и за билатерални теми, известува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за надворешни работи на Русија објави дека Лавров во денешниот телефонски разговор истакнал на неговиот американски колега Блинкен дека „кампањата што ја спроведуваат САД и нивните сојузници за наводна руска агресија на Украина има провокативни цели“.
Лавров напоменал дека оваа кампања ја поттикнала власта во Киев на штетни обиди да го саботира договорот од Минск и со сила го реши судирот во Донбас.
Во текот на разговорот нагласено е дека овие прашања ќе бидат во центарот на евалуацијата на документите што пристигнале и што ќе им бидат доставени на САД и НАТО.
Лавров потсети дека се „неприфатливи потезите со кои се кршат обврските на највисоко ниво за неделивост на безбедноста во евроатлантскиот регион“.