Mücahit Oktay
13 Февруари 2022•Ажурирај: 16 Февруари 2022
ВАШИНГТОН
Белата куќа објави соопштение по телефонскиот разговор на претседателот на САД, Џо Бајден, и претседателот на Русија, Владимир Путин, за Украина, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Белата куќа се наведува дека Бајден рекол дека доколку Русија, која го засилува своето воено присуство на украинската граница, дополнително окупира територии на оваа земја, „САД заедно со сојузниците и партнерите одлучно ќе одговорат“.
Бајден ја предупредил Русија дека нова интервенција врз Украина би имала „брзи и сериозни последици“.
Додал дека инвазијата на Украина би предизвикала човечки страдања од широки размери и би го нарушила угледот на Русија.
Претседателот на САД покажал јасен став дека приоритет се дипломатските напори во постигнувањето решение, но и дека сојузниците се подготвени и на други сценарија.