Zehra Ulucak
05 Јуни 2018•Ажурирај: 05 Јуни 2018
ХОНОЛУЛУ (АА) - Вулканот Килауеа во сојузната американска држава Хаваи исфрли лава која уништи 117 куќи, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на претседателството на Општина Хаваи, Џенет Шнајдер, соопшти дека вулканот Килауеа, кој пред еден месец стана активен, досега пеплоса 117 куќи.
Во петокот беше соопштено дека лавата до тој ден целосно уништила 87 куќи.
Шнајдер не соопшти колкав е бројот на куќи кои се загрозени.
По активирањето на вулканот Килауеа, од подрачјето Пуна евакуирани се илјадници луѓе.
Експертите соопштија дека лавата која избива од вулканот се раширила на површина од 20 квадратни километри.
- Населението е предупредено „да се евакуира или ќе биде приведено“ -
Последната недела е забележано зголемување на ерупциите на вулканот и поради сè поголемото количество лава што истекува, населението е предупредено да ги напушти своите домови. Полицијата го информираше локалното население дека „Доколку не ги напуштат своите домови, ќе бидат приведени“.
Подрачјето во исто време го потресуваат земјотреси од поголем и помал интензитет.
Килауеа е најактивен вулкан во светот кој еруптира од 1983 година наваму.