Emre Gürkan Abay
27 Февруари 2022•Ажурирај: 28 Февруари 2022
МОСКВА
Руската делегација допатува во белорускиот град Гомељ за да ги започне преговорите со Украинците, потврди Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, известува Агенција Анадолија (АА).
Песков изјави дека Русија е подготвена за разговори.
„Во согласност со постигнатите договори, руската делегација, составена од претставници на Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и некои други институции, стигна во белорускиот град Гомељ, за почеток на преговорите со Украинците. Ќе бидеме подготвени да ги започнеме преговорите во Гомељ“, изјави Песков.
Порачувајќи дека руската страна е подготвена да ги започне преговорите во Гомељ, Песков рече дека сега ги чекаат Украинците.