Ali Cura
27 Февруари 2022•Ажурирај: 28 Февруари 2022
КИЕВ (АА) - Михаил Подолјак, заменик-шефот на Канцеларијата на претседателот на Украина, изјави дека Украина ќе биде во позиција да ги диктира можните преговори со Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјава за телевизискиот канал ТСН, Подолјак ги изнесе оценките за преговарачкиот процес во врска со нападот на Русија врз Украина.
Истакнувајќи дека Украина не би била во послаба позиција да започне преговарачки процес со Русија, Подолјак наведе дека ќе има преговарачки процес и дека секоја војна завршува со преговарачки процес.
„Меѓутоа, во овој преговарачки процес ставовите се поинакви. Тоа ќе биде позицијата што ќе ја диктира Украина. Украина ќе ги изнесе своите услови за тоа што ќе се случува, вклучувајќи ги и регионите Доњецк и Луганск“, рече Подолјак.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, на 24 февруари објави дека започнал воена акција на територијата на Украина. Путин ја повика украинската Војска да го положи оружјето, тврдејќи дека негова цел е „да ги заштити луѓето кои се предмет на геноцид од страна на Киев и да ја ослободи Украина од нацизам и милитаризам“.
Владимир Зеленски, претседателот на Украина, вчера изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Азербејџан Илхам Алиев ќе помогнат да започнат преговорите со Русија.