Dmitri Chirciu
28 Септември 2021•Ажурирај: 29 Септември 2021
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Сочи, ќе разговараат за билатералните односи и меѓународните прашања, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од Кремљ се наведува дека Путин и Ердоган ќе се сретнат утре во Сочи, Русија.
„Планирано е да се разговара за различни аспекти на руско-турското партнерство на политичко, комерцијално и економско поле. Ќе бидат разменети детални мислења за актуелните меѓународни прашања, вклучувајќи ја и ситуацијата во Сирија, Либија, Авганистан и Јужен Кавказ“, се нагласува во соопштението.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера соопшти дека Путин и Ердоган ќе имаат тет-а-тет средба.