Ali Cura
19 Декември 2018•Ажурирај: 19 Декември 2018
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, во врска со одобрувањето на САД за продажба на противвоздушниот и противракетен систем „Патриот“ на Република Турција, изјави дека тоа не е поврзано со процесот на продажба на рускиот систем „С-400“ и дека тој договор сè уште не е стапен на сила, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние веќе ги имплементираме договорите што ги постигнавме со колегите од Турција. Како што знаете, имплементацијата на проектот и договорот поврзана со „С-400“ е во тек и ќе продолжи“, изјави Песков.
Тој додаде дека не постои ниту една причина за недоверба кон колегите од Турција.
Министерството за надворешни работи на САД утринава ја одобри продажбата на 3,5 милијарди долари вредниот противвоздушен и противракетен систем „Патриот“ на Република Турција.
Според Агенцијата за одбранбено-безбедносна соработка при Пентагон, Стејт департментот одобрил продажба на 80 проектили „Патриот МИМ-104Е“ (GEM-T) насочени на ракетите „GEM-T“, потоа 60 проектили „PAC-3“ и сета придружна опрема.
За одобрувањето на продажбата е информиран и американскиот Конгрес.
Пакетот чија продажба е одобрена вклучува радарски системи „4AN/MQP-65“, четири контролни системи, десет антенски сетови, 20 лансирни рампи „M903“, пет електроцентрали, комуникациска опрема, опрема за тестирање и програмски и оперативни системи.