Selen Temizer
19 Декември 2018•Ажурирај: 19 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Американскиот весник „Вол стрит џурнал („Wall Street Journal“ (WSJ)), тврди дека САД се подготвуваат целосно да ги повлечат своите воени сили од северниот дел на Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Вол стрит џурнал“, врз основа на информации добиени од надлежни лица за оваа тема, американската Војска се подготвува целосно да се повлече од северниот дел на Сирија.
Во веста се наведува дека овој чекор ќе ја доведе до забуна стратегијата на САД за Средниот Исток, и дека ќе предизвика сомнение околу борбата против ДЕАШ.
САД мометално поседуваат 15 воени бази во зоната под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК во северниот дел на Сирија, додека во тек е изградбата на три бази во Деир ез-Зор и Хасека.
Се нагласува дека овој чекор е направен по телефонскиот разговор меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, и претседателот на САД, Доналд Трамп, во чии рамки Ердоган нагласил дека ќе започнат со операција врз партнерот на САД, ЈПГ/ПКК.