Emre Gürkan Abay
22 Декември 2017•Ажурирај: 22 Декември 2017
МОСКВА (АА) - Владимир Којин, советникот на рускиот претседател за воено-техничка соработка, изјави дека се финализирани сите прашања во врска со испораката на рускиот ракетен систем С-400 (S-400) на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Предвидуваме дека испораките ќе бидат извршени кон крајот на 2019 и почетокот на 2020 година“, изјави Којин за новинарите во Москва.
Тој додаде дека договорот меѓу Турција и Русија во врска со ракетниот систем С-400 би можел да биде потпишан веќе наредните денови.
Тој на крајот истакна дека двете земји договориле план во врска со плаќањето на ракетниот систем.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган за време на неодамнешната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Анкара, истакна дека договорот за ракетниот систем С-400 ќе биде потпишан наскоро.