Elena Teslova
11 Јануари 2017•Ажурирај: 11 Јануари 2017
МОСКВА (АА) - Министерството за одбрана на Русија објави дека со цел да ја зголеми воздушната одбрана на Москва, во близина на градот е распореден ракетниот одбранбен систем С-400, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според известувањето издадено од министерството, со цел да се засили воздушната безбедност на Москва и на централната индустриска зона, во близина на главниот град е распореден ракетниот систем С-400 „Триумф“, кој денеска е активиран.
Во изјавата се вели дека системот има дострел од 400 километри, а ќе биде ефикасен во заштита на воздушниот простор на 12 подрачја, меѓу кои и Москва
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во текот на годината, на руската армија ќе ѝ бидат доделени 4 ракетни системи С-400.