Dmitri Chirciu
04 Април 2022•Ажурирај: 05 Април 2022
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека не ги прифаќаат обвинувањата против неговата земја во однос на украинскиот град Буча, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Песков во главниот град Москва даде изјави за медиумите осврнувајќи се на актуелните прашања.
Тој истакна дека полскиот вицепремиер Јарослав Качињски дал изјава дека се подготвени да распоредат нуклеарно оружје на својата територија.
„Се разбира, предложените активности може да доведат до зголемување на тензиите на континентот во иднина. Воинствената и антируска линија на полската администрација предизвикува длабока загриженост“, рече тој.
- „Прашањето за градот Буча треба да се разговара на највисоко ниво“
Оценувајќи ја снимката направена во украинскиот град Буча, Песков нагласи дека информациите за убиствата на цивилите треба да бидат испитани.
„Не треба да им веруваме на снимките што ги гледаме. Експертите на нашето министерство за одбрана открија знаци дека снимките се лажни“, истакна Песков.
Според него, лидерите на земјата не треба да брзаат да дадат изјава за ситуацијата во Буча без доволно докази и дека треба да бараат информации од различни извори.
„Апсолутно отфрламе какви било обвинувања. Исто така, сметаме дека за ова прашање треба да се разговара на највисоко ниво“, додаде тој.
Наведувајќи дека понудиле да разговараат за ова прашање во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), Песков рече дека овој предлог е блокиран.
Украинската Армија, која на 1 април го ослободи градот Буча што се наоѓа во близина на Киев, главниот град на Украина, и неговата околина од руските сили, наиде на град полн со мртви тела, уништени згради и улици.