Ali Cura
25 Септември 2024•Ажурирај: 27 Септември 2024
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Песков, даде изјави за медиумите во врска со нападите на Израел врз Либан, известува Анадолу.
Посочувајќи дека во Либан има руски државјани, Песков рече:
„Сега се преземаат сите мерки на претпазливост и им се препорачува на нашите граѓани што поскоро да ја напуштат либанската територија користејќи ги постојните капацитети за комерцијален транспорт. Ова е неопходно за да се обезбеди сигурноста на граѓаните.“
На прашањето за обновување на Договорот за жито преку Црно Море и под кои услови тој ќе започне, Песков одговори: „Во моментов нема дијалог за ова прашање.“
Истакнувајќи дека Русија моментно има „одредено искуство за неспроведување на договорот за жито“ од страна на другите земји, Песков додаде: „Првенствено тргнуваме од ова искуство и, во секој случај, ова е многу сложено прашање што зависи од многу фактори.“