Murat Temizer
27 Мај 2018•Ажурирај: 28 Мај 2018
АНКАРА (AA) - „Норд стрим 2 АГ“, изведувач на работите на двојниот гасовод со кој рускиот природен гас преку Балтичко Море го доставува за пазарот на Европската Унија (ЕУ), пушти 90.000 единки на атлантски лосос. Пуштени се во рускиот дел на Финскиот Залив како надомест за потенцијално оштетување на рибарството во текот на градењето на плиноводот „Норд стрим 2“ во руските води, јавува Anadolu Agency (AA).
„Норд стрим 2“ е важен проект за регионот на Ленинград. Задоволство ни е да го продолжиме заедничкиот проект на Управата Ленинград и Норд стрим 2 кој се однесува на важно прашање, како што е заштитата на животната средина и кој е во согласност со релевантен договор за соработка, потпишан во февруари 2018 година“, рече Сергеј Сердиков, главен технички директор во „Норд стрим 2 АГ“.
Тој рече дека пуштањето на атлантските лососи ќе има позитивен ефект на зачувување на биодиверзитетот на Балтичкото Море. „Норд стрим 2 АГ“ објави пуштање на младите лососи во партнерство со руската компанија „Фертоинг лтд“.
Програмата на компензациските мерки за 2018 година предвидува пуштање на вкупно 170.000 единки на млади лососи во реките Луга и Нева во најмалку два наврати во текот на месец мај.
„Компензациското ослободување на младите лососи ќе продолжи како дел од проектот „Норд стрим 2“ и во наредните години", додаде компанијата.
Проектот „Норд стрим 2“, кој е вреден 11 милијарди долари, би требало да спроведува 55 милијарди кубни метри гас годишно низ двоен гасовод кој во делот од 1.230 километри поминува под Балтичко Море. Плиноводот ќе биде пуштен во работа на почетокот на 2020 година.