Gamze Türkoğlu Oğuz
27 Мај 2018•Ажурирај: 28 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Во рамките на борбата против дрогата, во операциите кои се спроведуват од почетокот на месецов досега, бројот на загинати е поголем од 70, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), официјалното раководство на земјата соопштило дека во судирите кои избувнале меѓу безбедносните сили и криумчарите на дрога, за време на операциите спроведени на целата територија на земјата, животот го загубиле повеќе од 70 лица.
Во веста се наведува дека во исто време се приведени повеќе од 3.000 лица.
Активистите, операциите во Бангладеш ги спроведуваат со контроверзната борба против дрогата, која претседателот на Филипини, Родриго Дутерте, ја започна во 2016 година.
Премиерот на Бангладеш, Шех Хасина, истакна дека оваа борба го има истото значење, како и борбата против радикалните милитанти.
Во јули 2016 година Филипини ја започна борбата против криумчарите на дрога. Се вели дека во операциите животот го загубиле повеќе од 7.000 лица.