Övünç Kutlu
26 Ноември 2020•Ажурирај: 27 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Компанијата „Волт Дизни“ планира да отпушти 32.000 работници во првата половина на 2021 година, поради слабата побарувачка на купувачите во нивните тематски паркови, поради пандемијата на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Поради моменталната клима, влијанието на пандемијата на Ковид-19, променливата средина во која работиме, компанијата го ограничува вработувањето во клучните оддели и отсуствата, како и можноста за принуден одмор за вработените“, се вели од компанијата.
Последната одлука опфаќа 32.000 работници, што е пораст од 28.000 отпуштања објавени во септември.
Американската компанија испрати други 37.000 вработени на одмор (неплатен одмор) од 3 октомври од тематскиот парк во Јужна Калифорнија, каде парковите се затворени поради пандемијата.