свет

Во Иран во последните 24 часа од Ковид-19 животот го загубија 482 лица

Портпаролката на Министерството, Сима Садат Лари, соопшти дека во изминатите 24 часа дијагностицирани се 13.961 новозаразени со вирусот, зголемувајќи го вкупниот број на досега откриени случаи на 908.346.

Muhammet Kurşun  | 26.11.2020 - Обновена : 26.11.2020
Во Иран во последните 24 часа од Ковид-19 животот го загубија 482 лица

ТЕХЕРАН

Во Иран во последните 24 часа потврдени се уште 482 смртни случаи предизвикани од коронавирусот, со што бројот на починати во земјата е зголемен на 46.689, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролката на Министерството, Сима Садат Лари, соопшти дека во изминатите 24 часа дијагностицирани се 13.961 новозаразени со вирусот, зголемувајќи го вкупниот број на досега откриени случаи на 908.346.

Лари, исто така, додаде дека во земјата од Ковид-19 починале 46.689 лица.

Таа додаде дека од почетокот на епидемијата во земјата излекувани се вкупно 633.275 пациенти, додека 5.849 лица се во критична состојба.

Лари предупреди дека сите покраини во земјата се класифицирани како црвени зони со висок ризик на трансмисија на коронавирусот и дека во земјата досега се направени 5.955.724 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın