Gorana Jakovljevic
18 Декември 2021•Ажурирај: 20 Декември 2021
БОГОТА
„Expoartesanias“, најголемиот саем на ракотворби во Колумбија, е отворен во главниот град Богота, известува Агенција Анадолија (АА).
Организацијата се одржува во Саемскиот и конгресниот центар во Богота, со цел да се развие индустријата на ракотворби во земјата. На саемот беа изложени делата на занаетчиите и уметниците кои ја чуваат традицијата и идентитетот на Колумбија.
Посетителите имаат можност да видат различна традиционална облека, шапки, торби, садови и накит, како и традиционални инструменти, светилки и уметнички дела.