Sinan Doğan
21 Ноември 2021•Ажурирај: 22 Ноември 2021
БОГОТА
Во пад на полициски хеликоптер во Кундинамарка во Колумбија, животот го загубија двајца полицајци, а тројца се повредени, известува Агенција Анадолија (АА).
Официјалните претставници на власта соопштија дека хеликоптерот по враќање од задача паднал во подрачјето на Субачок.
Во несреќата животот го загубија двајца полицајци, а тројца се повредени. Во тек е истрага за откривање на причината за несреќата.
На социјалните мрежи се огласи и министерот за одбрана Диего Молано, кој им изрази сочувство на семејствата на загинатите.