Halil Demir
07 Август 2016•Ажурирај: 08 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - На митингот за демократија и загинатите херои организиран на плоштадот Јеникапи во Истанбул учествуваа околу 5 милиони граѓани, јавува Anadolu Agency (AA).
Од безбедносни извори се дознава дека според хеликоптерските снимки и анализирајќи го бројот на лица присутни на метар квадратен се врши пресметка на бројот на учесници на „Митингот за демократија и загинатите херои”.
На просторот на кој се одржа митингот во Јеникапи, споредните улици од центарот на градот, и на улицата Кенеди кон Зејтинбурну, по извршената пресметка се дојде до бројка од околу 5 милиони лица кои зедоа учество на митингот.
На плоштадот имаше 25.000 полицајци, 728 здравствени работници беа на должност на плоштадот, а граѓаните до плоштадот беа превезувани со 7.000 автобуси.