Enes Canlı
21 Ноември 2021•Ажурирај: 22 Ноември 2021
АЛ-КУДС
Израелската полиција со пукање од огнено оружје уби Палестинец кој наводно извел вооружен напад во старото јадро на Источен Ал-Кудс (Источен Ерусалим), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на израелската полиција се наведува дека во вооружен напад во Стариот град се ранети двајца цивили и двајца полицајци, а дека на местото на инцидентот е пратено полициско засилување и дека напаѓачот е неутрализиран.
Споредбено со тоа, израелскиот јавен емитер КАН јавува дека еден ранет цивил починал и дека се работело за еврејски доселеник. „Канал 12“ јавува дека нападот го извел Палестинец кој е убиен на местото на инцидентот.
Локалните извори јавуваат дека израелските сили ги затвориле сите влезови на Стариот град и комплексот „Ал-Акса“.