свет

Колумбискиот претседател соопшти дека избегнал обид за атентат

„Мора да признам дека избегнав да бидам убиен“

Laura Gamba Fadul  | 11.02.2026 - Обновена : 12.02.2026
Колумбискиот претседател соопшти дека избегнал обид за атентат

БОГОТА (АА) - Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека бил подготвуван заговор за атетнат врз него, поради што бил принуден да ја смени маршрутата на летот со хеликоптер на пат кон северниот департман Кордоба, јавува Анадолу.

За заканата се дознало во понеделникот вечерта, додека кон патувал со хеликоптер во посета на подрачјето зафатено со поплавите, изјави Петро во текот на вчерашната владина седница. Разузнавачките извештаи предупредиле дека е можно соборување на леталото на планираното место за слетување, поради што е преземена брза реакција, светилките на хеликоптерот не биле вклучени и било извршено пренасочување на маршрутата во текот на летот.

„Мора да признам дека избегнав да бидам убиен“, изјави тој во преносот во живо, при што пред членовите на Владата додаде дека бил загрижен за својата и за безбедноста на своите деца што биле во хеликоптерот и затоа ја сменил маршрутата и планираната дестинација откако било компромитирано местото предвидено за слетување.

„Четири часа хеликоптерот леташе над отворено море пред да пристигнеме на дестинацијата што не планиравме да ја посетиме, избегнувајќи сигурна смрт”, додаде тој.

Овие изјави доаѓаат во услови на пораст на насилството во пресрет на изборната кампања три месеци пред претседателските избори.

Колумбискиот претседател му го припиша заговорот на нов наркокартел, за кој рече дека бил цел уште од неговата инаугурација во август 2022 година. Но најнепосреден извор на тензии во Кордоба е наркокланот Гулф, најмоќна криминална организација во земјата.

Односите помеѓу Владата и криминалните групи минатата недела достигнаа критична точка поради состанокот на претседателот Петро со американскиот претседател Доналд Трамп.

За време на состанокот двајцата лидери се согласија за заедничка акција по водачот на наркокланот Гулф, Хобанис де Хесус Авила Виљадиего, познат како Чикито Мало.

Ова не е првпат Петро да има ваков обид. Во јули 2024 година сличен наводен заговор го спречи да присуствува на традиционалната воена парада на 20 јули.

Иако воените и полициските власти сè уште не ги потврдија конкретните детали за инцидентот од понеделникот вечер, Претседателството значително ги заостри безбедносните протоколи за престојот во Монтерија, додека се проценува издавање на потенцијален декрет за вонредната економска состојба за регионот.

Северниот дел на Колумбија се соочува со сериозна климатска криза поради невообичаените врнежи што предизвикаа хуманитарна вонредна состојба. Најмалку 22 лица загинаа, а повеќе од 120.000 се раселени и погодени од силните поплави и одроните што ги разурнаа области во департманите Кордоба, Ла Гуахира, Сукре, Магдалена, Чоко и Антиокија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.