Lokman İlhan
16 Јули 2018•Ажурирај: 16 Јули 2018
БОГОТА (АА) - Нарко кланот „Clan del Golfo“ понуди парична награда во вредност од 70.000 долари на оној кој ќе го убие полициското куче што ја спречи пратката на дрога од Колумбија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Дресираното куче „Sombra“ неодамна ги спречи криминалците во Европа и Соединетите Американски Држави (САД) да испратат пакет од 100 килограми чист кокаин.
Колумбиската телевизија „Каракол“ (Caracol) јавува дека лидерот на озлогласениот клан Дарио Антонио Усуга, го прогласи „Сомбра“ за најголем непријател на тој нарко клан.
„Сомбра“ и претходно во повеќе наврати откриваше дрога и го спречуваше шверцот од Колумбија. Усуга вети 70.000 долари за убиство на полициското куче трагач.
Полицискиот оддел за борба против криумчарење дрога во Колумбија реагираше веднаш, менувајќи го работното место на загрозеното куче.
Со засилени мерки за заштита, „Сомбра“ сега ќе работи на аеродромот „Ел Дорадо“ во колумбискиот главен град Богота.