свет

По неуспешниот обид за пуч во Турција, Германија станa сигурно засолниште за ФЕТО

„Околу 14.000 лица осомничени за поврзаност со ФЕТО пристигнаа во Германија во текот на последните две години“

Ayhan Şimşek  | 15.07.2018 - Обновена : 16.07.2018
По неуспешниот обид за пуч во Турција, Германија станa сигурно засолниште за ФЕТО

Berlin

БЕРЛИН (АА) - Германија e безбедно засолниште за симпатизерите и припадниците на терористичката организација ФЕТО, и по две години од неуспешниот обид за државен удар во Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Околу 14.000 лица осомничени за поврзаност со ФЕТО пристигнаа во Германија во текот на последните две години“, објави неделава меѓународниот радиотелевизиски сервис „Дојче Веле“ (DW).

„Германија станува наше ново средиште“, изјави висок претставник на терористичката организација.

Терористичката организација ФЕТО, чиј водач е Фетула Ѓулен кој живее во САД, стои зад обидот за државен удар во јули 2016 година, по долга, тајна кампања на инфилтрирање во државните институции во Турција. Во неуспешниот обид за преземање на Војската загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.

И покрај континуираните предупредувања од Турција, Берлин сè уште не ја забрани организацијата, тврдејќи дека таа не претставува сериозна закана за Германија.

„Бидејќи германските власти ги толерираа нејзините активности, припадниците на оваа организација воспоставија нови седишта за спроведување пропаганда и нови асоцијации во последните месеци за поддршка на осомничените припадници на ФЕТО кои избегаа од Турција“, јавија локалните медиуми.

„Најмалку 1.177 турски државјани со дипломатски или службени пасоши, меѓу кои и поранешни војници, официјални лица и членови на нивните семејства, аплицираа за азил во Германија“, потврди Агенцијата за миграција на Германија (BAMF).

Берлинскиот огранок на организацијата, „Aktion für Fluchtlingshilfe“, обезбедува поддршка за овие баратели на азил.

Повеќето од нив се поранешни функционери и војници кои Турција ги бара поради тековните истраги за нивна поврзаност со обидот за државен удар или за поврзаност со ФЕТО.

Анкара долго време апелира до Берлин да не доделува политички азил на поранешните официјални лица, туку наместо тоа, да ги враќа во Турција за фер и транспарентно судење.

Толеранцијата на Германија кон организацијата и неподготвеноста да ги екстрадира осомничените на ФЕТО во Турција, е извор на тензии меѓу двете земји.

Иако во последниве неколку недели германските власти дадоа изјави со критики за организацијата и дадоа сигнали за еден построг став, сè уште не се преземени конкретни мерки.

Од 1990-тите години, организацијата на Ѓулен во сенка, успеа да изгради голема мрежа во Германија, која е дом на над 3 милиони турски имигранти.

Организацијата поседува десетици приватни училишта, бизниси и неколку медиумски организации и тврди дека има околу 70.000 приврзаници на германска територија.

Припадниците на ФЕТО се обидоа да избегнат јавна критика во Германија, фокусирајќи се на програмите за „меѓуверски дијалог“ и држејќи се до „умерените“ пораки.

Фондацијата на организацијата, „Stiftung Dialog und Bildung“, се обиде да ја освои довербата на медиумите, влијателните цркви и на политичките институции во Германија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın