Haydar Karaalp
26 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
МОСУЛ
Коалициските сили за борба против ДЕАШ, предводени од САД, ја предадоа на ирачката војска контролата врз воената база Кајара во градот Мосул, јавува Агенција Анадолија (АА).
На свеченоста на примопредавање во базата Кајара во Мосул присуствуваше генералниот потполковник Мохамед Фазил Абас, командантот на Ирачкиот национален оперативен центар.
Се очекува коалициските сили, кои на 19 март се повлекоа од воената база Ал Каим во Анбар, во наредните денови да се повлечат од воената база К1 во Киркук.
Поранешниот ирачки премиер Хајдер ал Абади во декември 2017 година изјави дека територијата на таа земја во потполност е исчистена од терористите на ДЕАШ.