Dmitri Chirciu,Ali Cura
26 Март 2020•Ажурирај: 26 Март 2020
МОСКВА
Во Русија е забележан пораст на случаи на зараза со новиот тип коронавирус и воведени се додатни мерки за спречување на ширењето на заразата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Кабинетот на премиерот се наведува дека на заседанието на Агенцијата за координација на борбата против епидемијата Ковид-19, на чело со премиерот Михаило Мишустин, донесена е одлука за воведување низа мерки.
Кажано е дека треба да се организира работа оддома, каде што тоа е возможно, а од 27 март се запрени сите летови, освен евакуациските.
Се наведува дека сите патници кои доаѓаат во земјата ќе бидат подложени на анализа на крв на аеродромите и дека ќе им биде изречена мерка од 14-дневна изолација.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјањин, исто така соопшти нови мерки.
Тој додаде дека продавниците (освен маркетите и аптеките), рестораните, баровите и кафулињата ќе бидат затворени од 28 март до 5 април, а дека рестораните ќе можат да работат единствено со пружање услуги на достава.
Собјањин изјави дека се затворени и големите паркови во Москва, а на граѓаните им советуваше да избегнуваат посета на богослужби.
Во Москва нема да работат ниту фризерските салони и салоните за убавина.
Рускиот Центар за контрола и спречување на заразата со коронавирусот сооопшти дека во последните 24 часа се потврдени 182 нови случаи на зараза, со што бројот на заразени е зголемен на 840, а закрепнале 38 лица.