Vesna Besıc
11 Јануари 2020•Ажурирај: 13 Јануари 2020
ВАРШАВА
Кинескиот фестивал на светлината се одржува во полската престолнина Варшава, јавува Агенција Анадолија (АА).
Изложбата на светлината се состои од 34 челични конструкции прекриени со разнобоен материјал. Меѓу осветлените предмети се змејови, пингвини, цвеќе, птици, кочии...

Осветлени се со стотици илјади лед-светилки, а дел со неонски елементи.
Фестивалот на светлината има традиција долга 2.000 години. Првпат надвор од Кина е одржан во Атланта, САД, пред неколку години. Од 2017 година се одржуваат годишни турнеи низ Европа.
