Fuat Kabakcı
27 Јануари 2020•Ажурирај: 27 Јануари 2020
ПЕКИНГ (АА) - Кинескиот премиер Ли Кечјианг отпатува во Вухан, градот којшто претставува жариште на новиот коронавирус што се појави во Кина, а кој уби десетици лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Кинескиот државен совет, премиерот Ли, како водич на работната група за борба против епидемијата на коронавирусот, отпатува во овој град да изврши инспекција и да види што може да се направи со цел запирање на епидемијата. Ли ќе ги посети болниците и здравствените работници што работат на сузбивање на епидемијата.
„Бројот на починати во Кина од епидемијата на коронавирусот се искачи на 80, а потврдени се 2.744 случаи на воспаление на белите дробови со новиот коронавирус (2019-nCoV), меѓу кои 461 лице се во критична состојба“, се вели во податоците на Комисијата за здравство на Кина.
Вирусот се појави во Вухан, главниот град на покраината Хубеи, а досега се прошири во 29 кинески покраини. Повеќе од десет случаи се пријавени и во Јапонија, Јужна Кореја, Тајланд, САД, Сингапур, Франција и Виетнам.