свет

Кина: Со голема воена парада одбележана 70-годишнината на комунистичкото владеење

Камионите кои носеа асортиман на модерно оружје, вклучувајќи и нуклеарни лансери, со капацитет да ги избегнат ракетните одбранбени системи, поминаа низ плоштадот „Тиананмен“...

Riyaz ul Khaliq  | 01.10.2019 - Обновена : 02.10.2019
Кина: Со голема воена парада одбележана 70-годишнината на комунистичкото владеење

ПЕКИНГ (АА) - По повод 70. годишнина од основањето на Народна Република Кина, во Пекинг се одржа голема воена парада, јавува Anadolu Agency (AA).

Камионите кои носеа асортиман на модерно оружје, вклучувајќи и нуклеарни лансери, со капацитет да ги избегнат ракетните одбранбени системи, поминаа низ плоштадот „Тиананмен“, покажувајќи ја воената и економска моќ на земјата.

Кинескиот претседател, Си Ѓипинг, во обраќањето на парадата, во знак на одбележување на 70 години од комунистичкото владеење, изјави дека ниту една сила не може да ја разниша Кина.

Осврнувајќи се на настаните во Хонгконг, Си вети дека ќе го задржи политичкиот образец кој му дава автономија на регионот.

„Во нашето понатамошно патешествие, ние мора да ги поддржуваме принципите на мирно обединување и една земја, два система, да одржуваме траен просперитет и стабилност во Хонгконг и Макао“, рече тој, објави локалниот весник „Чајна дејли“ („China Daily“).

Во текот на последните неколку месеци, Хонгконг е средиште на протести против обидите на Пекинг да ја заостри контролата врз територијата.

Осврнувајќи се на Тајван, кинескиот претседател нагласи дека ќе промовира мирен развој на меѓусебните односи и вети дека ќе се залага за целосно обединување на Кина. Меѓусебните односи се однесуваат на копното на Кина и Тајван, кои се разделени со Тајванскиот Теснец на западниот дел на Тихиот Океан.

„Пред седумдесет години, на овој ден, пријателот Мао Цедунг свечено оттука на светот му соопшти дека е основана Народна Република Кина и дека кинескиот народ застана на нозе“, пренесува дневниот весник, цитирајќи го Си.

Си на плоштадот „Тиананмен“ беше придружуван од други кинески претставници, вклучувајќи ги премиерот Ли Кеќанг и поранешните претседатели Ху Џинтао и Џианг Земин.

На воената парада беа изложени балистичката ракета „DF-17“, бомбардерот „H-6N“ со широк опсег и дополнителни можности и најнапредната меѓуконтинентална балистичка ракета со боева глава „DF-411“. Се смета дека има дострел до 15.000 километри, воена ракета со најдолг дострел во светот.

Кинескиот претседател рече дека основањето на комунистичката власт во 1949 година целосно ја сменило Кина, од мизерна сиромашна и слаба земја, која била заплашувана и понижувана повеќе од 100 години, до напредна и модерна нација.

Тој го замоли народот да го поддржат раководството на Комунистичката партија на Кина, која самостојно управува со земјата.

Кинескиот претседател, исто така, вети дека „земјата ќе остане на патот на мирен развој и ќе води заемно корисна стратегија на отворање“.

„Ние ќе продолжиме да работиме со луѓе од сите земји за здружено градење заедница со заедничка иднина за човештвото“, рече Си.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın