свет

Кина настаните на аеродромот во Хонгконг ги оцени како акти блиски до тероризмот

„Некои радикални групи нелегално се собрани. Повреден е еден известувач на „Глобал тајмс“ и двајца граѓани на Кина“

Ekipa  | 14.08.2019 - Обновена : 15.08.2019
Кина настаните на аеродромот во Хонгконг ги оцени како акти блиски до тероризмот

ПЕКИНГ/ХОНГКОНГ (АА) - Портпаролот на кинеската Канцеларија за Хонгконг и Макао, Шу Лујинг, во однос на насилствата на Меѓународниот аеродром во Хонгконг изјави: „Ние остро ги осудуваме ваквите акти блиски до тероризмот, и ги изразуваме нашите желби за побрзо оздравување на ранетите граѓани и полициските службеници во Хонгконг“, пренесува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на кинеската Канцеларија за Хонгконг и Макао, Шу Лујинг, во писменото соопштение, истакнувајќи дека во последните два дена се случуваат насилни инциденти на Меѓународниот аеродром во Хонгконг, нагласи: „Некои радикални групи нелегално се собрани. Повреден е еден известувач на „Глобал тајмс“ и двајца граѓани на Кина“.

Шу соопшти дека повредените се сè уште на лекување во болница, и рече дека остро ги осудуваат ваквите акти блиски до тероризмот.

Тој, тврдејќи дека демонстрантите ги потцениле законите со вршење насилни акти, рече дека сериозно му наштетуваат на меѓународниот имиџ на Хонгконг и дека насилниците треба да бидат строго казнети според законот.

- Авионите почнаа да летаат, забранети протестите на аеродромот -

По вчерашниот судир меѓу демонстрантите и полицијата, аеродромот денеска почна пак да работи и летовите почнаа повторно да се реализираат.

Менаџментот на аеродромот соопшти дека од судот во Хонкконг, како мерка за претпазливост, донесена е одлука за забрана на демонстрации на аеродромот.

На веб-страницата на аеродромот се истакнува дека демонстрантите ќе може да протестираат само во еден дел од аеродромот, а во другите делови протестите нема да бидат дозволени.

- Во судирите се приведени 5 лица -

Полицијата на Хонгконг соопшти дека пет лица се приведени во синоќешните судири меѓу полицијата и демонстрантите.

Заменик-комесарот Мак Чин-Хо изјави дека двајца од приведените се на возраст од 17 до 28 години и се обвинети за „напад на полицијата“ и „поседување оружје“.

Мак, исто така, истакнувајќи дека ќе има и други приведувања, рече дека аеродромот секоја година го користат 70 милиони патници, и дека не е соодветно место за протести.

На протестите од 9 јуни до денеска приведени се повеќе од 700 демонстранти.

- Протестите во Хонгконг -

Кинескиот посебен административен регион Хонгконг се најде во преден план на светската агенда поради протестите кои се одржуваат во врска со Нацрт-законот со кој се олеснува екстрадицијата на обвинети или осудени лица во Кина.

Поради протестите кои започнаа на 15 јуни, дебатата за Нацрт-законот беше прекината. Но демонстрантите најавија дека ќе продолжат со протестите сѐ додека Законот не биде и формално повлечен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.