Riyaz Khaliq Khaliq
12 Ноември 2024•Ажурирај: 13 Ноември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 35 лица загинаа, а 43 се повредени, кога маж со автомобил влета во група луѓе во Џухаи, во југоисточна Кина, јавува Анадолу.
Несреќата се случила синоќа во југоисточната провинција Гуангдонг, кога 62-годишен маж со својот автомобил влетал во толпата, пишува весникот „Глобал тајмс“.
Полицијата соопшти дека се работи за чин на „самоповредување“.
Осомничениот, чие презиме е Фан, е хоспитализиран, а поради самонанесените повреди со нож моментално е во кома.
Полицијата соопшти дека првичната истрага покажала дека „случајот е предизвикан поради незадоволство од поделбата на брачниот имот при бракоразводна постапка“.