свет

Кина лансираше повеќе сателити од море

Ракетата полета во 10:20 часот наутро, успешно поставувајќи три сателити во нивните планирани орбити

Berk Kutay Gökmen  | 11.10.2025 - Обновена : 11.10.2025
Кина лансираше повеќе сателити од море

ИСТАНБУЛ (АА) - Кина денес лансираше повеќе сателити на ракетата-носач „Гравити-1“ од водите во близина на Хаијанг, во покраината Шандонг на источниот брег, објави државната новинска агенција Синхуа, пренесува Анадолу.

Ракетата полета во 10:20 часот наутро, успешно поставувајќи три сателити во нивните планирани орбити. Мисијата ја изврши Центарот за лансирање сателити „Таијуан“.

Ракетата-носач носеше сателит со широко поле и два експериментални сателити.

Ракетата-носач „Гравити-1“ го имаше својот деби лет во јануари 2024 година.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın