Islam Uddin
15 Јануари 2021•Ажурирај: 15 Јануари 2021
АНКАРА
Кина ги забрани таблетите фенолфталеин поради предизвикување сериозни нус-појави, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кинескиот дневен весник „Глобал тајмс“ (Global Times) објави дека забраната следувала ден откако Агенцијата за медицински производи на Кина соопшти дека таблетите предизвикуваат сериозни несакани реакции што е утврдено во текот на евалуацијата.
Агенцијата го запрела и производството и продажбата на лекот и ја откажала регистрацијата.
Инаку, таблетите фенолфталеин се користат за лекување на опстипација или за чистење на цревата преку колоноскопија, а некои луѓе ги користат и за слабеење.
Некои земји пред неколку години ја забранија употребата на овие таблети, бидејќи е утврдено дека можат да предизвикаат карцином.