свет

Јемен: Народот ја поддржува одлуката на САД за прогласување на движењето на Хусите за терористичка организација

Министерот за надворешни работи на Јемен, Ахмед бин Мубарек, го сподели ставот на јеменската Влада во врска со одлуката за прогласување на движењето на Хусите за терористичка организација

Gülşen Topçu  | 15.01.2021 - Обновена : 16.01.2021
Јемен: Народот ја поддржува одлуката на САД за прогласување на движењето на Хусите за терористичка организација

АДЕН (АА) - Владата на Јемен соопшти дека народот ја поддржува одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за прогласување на движењето на Хусите поддржано од Иран, за терористичка организација, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерот за надворешни работи на Јемен, Ахмед бин Мубарек, во своето обраќање на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), одржан преку видеоконференција, го сподели ставот на јеменската Влада во врска со одлуката за прогласување на движењето на Хусите за терористичка организација.

Бин Мубарек ги обвини Хусите за извршување големи прекршувања на човековите права, како и извршување бомбашки напади врз домови и места за богослужба, присилување на опозиционерите да мигрираат, приведување и тортура на новинарите и блокирање на градовите.

„Затоа, ја поздравуваме одлуката на САД. Оваа одлука е паралелна со барањата на Владата и народот го поддржува тоа“, додаде Бин Мубарек.

Тој нагласи дека јеменската Влада придава особено внимание на олеснување на работите на трговските и финансиските организации, хуманитарните организации и меѓународните организации, со цел реализирање на протокот на помошта за жителите на Јемен.

Инаку, министерот за надворешни работи на САД, Мајк Помпео, на 11 јануари соопшти дека Хусите ќе ги прогласат за странска терористичка организација, и дека Конгресот е информиран за тоа.

Помпео рече дека, исто така, челниците на оваа организација, Абдулмелик ел Хуси, Абдулхалик Бедредин ел Хуси и Абдула Јахја Хаким ќе бидат прогласени за терористи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.