Mahmut Atanur
15 Јуни 2016•Ажурирај: 16 Јуни 2016
ПЕКИНГ (АА) – Кина го забрани извозот кон Северна Кореја на суровини што се користат во производството на оружје за масовно уништување, пренесува Anadolu Agency (АА).
Во веста објавена во Шангајскиот дневен весник, поткрепена од извори од кинеското министерство за трговија, се наведува листата на материјали и суровини забранети за извоз кон Северна Кореја, во кои спаѓаат состојки кои се употребуваат за производство на нуклеарно, биолошко и хемиско оружје, ласерска опрема и магнетски материјали.
Министерството соопшти дека забраната за извоз на наведените суровини е донесена во рамките на санкционите мерки против Северна Кореја, во согласност со Советот за безбедност на Обединетите Нации (ОБСЕ).
Дополнително, Кина пред два месеци ја забрани продажбата на авионско гориво на Северна Кореја, а истовремено беше запрен увозот на јаглен и железна руда од Северна Кореја.
Од друга страна пак, на почетокот на месецот, во посета на Кина беше Висок комитет од Северна Кореја, при што од двете држави беше потенцирана потребата за давање предност на историските пријателски односи како и за зајакнување на меѓусебните врски.
Владата на Пекинг ја истакна својата желба за понатамошен развој на пријателските односи со Северна Кореја и побара смиреност и воздржаност од сите страни во однос на прашањето за Корејскиот Полуостров.
Советот за безбедност на ОН донесе одлука за воведување на строги санкции против Северна Кореја по изведувањето на пробно лансирање хидрогенска бомба на 6-ти јануари, односно 7-ми февруари. Власта во Пекинг ги поддржува санкциите против Северна Кореја донесени со одлука на ОН, но истовремено желбата на САД за изградба на систем за ракетна одбрана во Јужна Кореја, ја смета како закана за кинеската безбедност.