Fuat Kabakcı
29 Јули 2019•Ажурирај: 30 Јули 2019
ПЕКИНГ
Во свлечиштето до кое дојде поради интензивните врнежи од дожд во кинеската провинција Гуејџоу, бројот на загинати се искачи на 42 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кинеската државна телевизија (CCTV) објави дека во село сместено во подрачјето на градот Шуи-чинг, во кинеската провинција Гуејџоу, во свлечиштето до кое дојде на 23 јули, бројот на загинати се искачил на 42 лица, а сè уште 9-мина се водат за исчезнати.
Во подрачјето на градот Шуи-чинг, каде што се спроведуваат спасувачките операции, во свлечиштето до кое дојде минатата недела урнати се 21 од 23 куќи.
По свлечиштето спроведени се истражувања според кои е дојдено до податоците дека во 23-те куќи живееле 77 лица, а 8 лица се наоѓале во подрачјето како гости.
Според добиените податоци, за време на свлечиштето од вкупно 85 лица, 23 се наоѓале надвор од местото на несреќата. Од друга страна, во болниците продолжува лекувањето на 11 повредени извлечени од свлечиштето.
Јуни и јули во Кина се именуваат како месеци на поплави. Во овој период од годината, интензивните врнежи од дожд, особено во јужните делови на Кина, можат да предизвикаат природни непогоди, како што се поплави и свлечишта.