Ayşe Doğru
12 Август 2019•Ажурирај: 13 Август 2019
ПЕКИНГ (AA) – Најмалку 45 лица смртно настрадале во налетот на тајфунот Лекима, кој го погодил истокот на Кина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција „Синхуа“ јави дека 44 лица смртно настрадале, а 16 се исчезнати во провинциите Зејианг и Шандонг. Во налетот на тајфунот, кој во саботата го пободи Зејианг, смртно настрадаа 39 лица, а во соседен Анхуи едно лице.
Поради тајфунот во Зејианг се евакуирани околу 1,26 милиони луѓе, а штетата се проценува на околу 24,22 милијарди јуани (околу 3,03 милијарди евра). Исчезнаа девет лица.
Тајфунот во неделата почна да се движи кон север, каде што го погоди Шандонг. Тука загинаа пет лица, а седум исчезнаа. Срушени се најмалку 610 станбени објекти, а 180.000 луѓе се евакуирани.
Штетата во Шандонг се проценува на околу 1,48 милијарди јуани (околу 180 милиони евра).
Тимовите се на терен и настојуваат да ги спасат луѓето заробени во куќите.
Лекима е деветти тајфун што оваа година ја погоди Кина, и достигна брзина од 187 километри на час. Се претпоставува дека тајфунот од правец на север и запад ќе се движи кон внатрешноста на земјата.