Aldıjana Hadzıc
12 Август 2019•Ажурирај: 14 Август 2019
ДЕНВЕР
ладна мечка викендов влегла во една куќа во Колорадо, а при бегањето од полицијата направила дупка во ѕидот, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата во Естес Парк соопшти дека мечката најверојатно ја привлекол мирисот од канта за смет.
Во соопштението на друштвените мрежи се наведува дека мечката нарпавила дупка во ѕидот, по што избегала.
„Поради ваша безбедност и мечките, ве молиме да ги заклучите вратите и прозорците од вашите домови и возила. Нека проверката дали вратите и прозорците се заклучени стане рутина пред заминувањето на спиење или излегување од дома“, ги повика полицијата жителите на градот, во кој црните мечки се честа појава.
Полицијата предупреди дека претходните искуства покажуваат дека мечките пронаоѓале храна во возилата.
На територијата на Колорадо има неколку илјади црни мечки кои често, во потрага по храна, влегуваат во автомобилите и домовите.
Сојузниот оддел за паркови и животна средина ги повика граѓаните да ги затворат прозорците и вратите, со цел да го спречат влезот на несаканите гости.