Mahmut Atanur
02 Ноември 2016•Ажурирај: 02 Ноември 2016
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку 33 лица загинаа во експлозија во рудникот Џиншангу во градот Чонгкинг, југозападна Кина, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува новинарската агенција Синхуа, по експлозијата започнала акција за пронаоѓање и спасување, а во текот на акцијата спасувачите пронашле тела на 15 рудари.
Несреќата се случи во понеделникот, но сè до вчера траеше акцијата за спасување и потрага по преживеаните. Според првичните податоци, можна причина за несреќата е тоа што ископувањата се вршени во дел од рудникот за кој немало дозвола за ископување
Значи, безбедносните пропусти најверојатно се една од причините за оваа несреќа, но тоа ќе го покаже истрагата што е во тек.