Gamze Türkoğlu Oğuz
16 Април 2018•Ажурирај: 17 Април 2018
САН САЛВАДОР (АА) - Новинарката Карла Лисет Турсиос беше киднапирана и убиена во централноамериканската држава Ел Салвадор, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициските службеници соопштија дека телото на убиената новинарка Турсиос е пронајдено синоќа во близина на автопатот, недалеку од Сан Салвадор.
Турсиос работеше како новинар за списанието „Ел Економиста“ кое го издава медиумската куќа „Ла Пренса Графика“.
Непознат напаѓач или напаѓачи во саботата ја киднапираа 33-годишната Турсиос, додека била сама во семеjниот дом. По враќањето од прошетка, мажот и синот го пријавиле нејзиното исчезнување во полиција.
Бискупот Хосе Луис Ескобар Алас изјави дека убиството на новинарката Турсиос претставува варварски напад врз целото општество.
Истрагата за случајот е во тек.