свет

Кашмир: При удар на молња загинаа 22 лица

Официјалните претставници тврдат дека пазарот бил целосно уништен од ударот на молњата

Ekipa  | 15.07.2019 - Обновена : 16.07.2019
Кашмир: При удар на молња загинаа 22 лица

КАРАЧИ (АА) - Најмалку 22 лица загинаа кога молња удри во пазар во пакистанскиот Азад Кашмир, пренесува Anadolu Agency (AA).

Локалната Агенција за управување со катастрофи соопшти дека меѓу загинатите лица има девет лица кои седеле во околната џамија, како и двајца војници.

Несреќата се случила во градот Лесва, познато туристичко место во близина на Линијата на разграничување, де факто граница која го дели Кашмир на два дела, еден под контрола на Пакистан, а друг под контрола на Индија.

Официјалните претставници тврдат дека пазарот бил целосно уништен од ударот на молњата.

Како последица на поплавите предизвикани од обилните дождови во регионот исчезнале неколку возила во кои се наоѓале туристи.

Пакистанските армиски трупи се придружија на локалните власти во операцијата за спасување.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın