свет

Могерини: „Солидарноста на ЕУ со турскиот народ е несомнена“

„Денес е трета годишнина од обидот за воен удар и сите многу добро се сеќаваме на тој ден и таа ноќ. Нашата солидарност со турскиот народ е несомнена“

Ata Ufuk Şeker  | 15.07.2019 - Обновена : 16.07.2019
Могерини: „Солидарноста на ЕУ со турскиот народ е несомнена“

БЕРЛИН (АА) - По повод третата годишнина од спречувањето на воениот удар во Турција, властите на Европската Унија порачаа дека е несомнена солидарноста со турскиот народ, јавува Anadolu Agency (AA).

Шефовите на дипломатијата на членките на ЕУ денес ќе одржат седница на Советот за надворешни работи на ЕУ, а во пресрет на таа седница на новинарите им се обрати високата комесарка за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

Могерини истакна дека телефонски разговарала со турскиот колега, Мевлут Чавушоглу, за активностите на Турција во источниот дел на Медитеранот.

„Разговорот го започнав со порака и понатаму да се солидаризираме со турскиот народ. Денес е трета годишнина од обидот за воен удар и сите многу добро се сеќаваме на тој ден и таа ноќ. Нашата солидарност со турскиот народ е несомнена“, порача Могерини.

Могерини изјави дека Советот за надворешни работи на ЕУ на денешната седница ќе разговара и за иранското нуклеарно прашање, миграциите и ситуацијата во Либија и другите африкански земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın