свет

Турција со критики кон ЕУ поради незагриженоста за терористичката организација ПКК

„Еднаш можеби би требало да бидете загрижени за ПКК, терористичката организација на листата на ЕУ, која брутално егзекутира 13 лица (турски државјани) во ирачкиот регион Гара. Или, тоа би ве довело до проблеми со лобито на ПКК?“, напиша Калин

Dilara Hamit  | 24.02.2021 - Обновена : 25.02.2021
Турција со критики кон ЕУ поради незагриженоста за терористичката организација ПКК

АНКАРА

Портпаролот на Кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, ја осуди изјавата на главниот портпарол на Европската Унија за надворешни работи во врска со поддршката на Европската унија (ЕУ) за една турска опозициска партија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Еднаш можеби би требало да бидете загрижени за ПКК, терористичката организација на листата на ЕУ, која брутално егзекутира 13 лица (турски државјани) во ирачкиот регион Гара. Или, тоа би ве довело до проблеми со лобито на ПКК?“, напиша Калин на социјалната мрежа Твитер осврнувајќи се на изјавата на портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

„Европската Унија е сериозно загрижена за постојаниот притисок врз ХДП и неколку нејзини члена, кој во последно време се материјализира преку апсења, замена на избрани градоначалници, она што се чини дека се политички мотивирани судски постапки и обид за укинување на парламентарниот имунитет на членовите на Големото национално собрание“, се вели во изјавата на Стано, повикувајќи се на Народната демократска партија (ХДП).

Во 2014 година, охрабрена од развојот на настаните во северна Сирија, терористичката организација ПКК усвои нова стратегија во Турција и се обиде да ја ослаби турската држава со нарушување на нејзиното единство во обид да добие територија во согласност со нејзината сепаратистичка агенда.

Во периодот 6-8 октомври истата година, водачите на ПКК и нивните приврзаници поттикнаа вооружено насилство низ целата земја, упатувајќи ги терористите и идеолошките приврзаници да излезат на улиците и да се побунат против турската држава под изговор за напад на ДЕАШ врз сирискиот пограничен град Ајн ал Араб (Кобани).

И ХДП, за која се тврди дека е поврзана со терористичката организација ПКК, исто така го повика народот да излезе на улиците на протест.

Повикот за протест доведе до насилни настани во 35 области и 96 подрачја, предизвикувајќи смрт кај 37 граѓани, вклучувајќи цивили кои доставувале хуманитарна помош за време на муслиманскиот празник Курбан Бајрам, а беа повредени 761 лице, вклучувајќи 326 полициски службеници.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.