Ahmet Emin Dönmez
14 Декември 2022•Ажурирај: 15 Декември 2022
ЈАУНДЕ (АА) - Најмалку 120 луѓе ги загубија животите во поплавите што настанаа по обилните дождови во Кинсаша, главниот град на Демократска Република Конго, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во вестите објавени во националните медиуми се наведува дека по поројните врнежи од дожд, кои два дена беа ефективни во Кинсаша, улиците на главниот град се поплавени, голем број куќи се урнати, а во многу градски населби има свлечишта.
Во катастрофата досега животот го загубија 120 лица.
По катастрофата, премиерот Жан Мишел Сама Луконде соопшти дека во земјата е прогласена тридневна жалост.
Поплавите што ја зафатија Кинсаша во 2019 година беа причина за смртта на 40 лица.