Dmitri Chirciu
14 Декември 2022•Ажурирај: 15 Декември 2022
МОСКВА (АА) - Два авиона од типот „Tу-95МЦ“, кои се стратешки бомбардери, летале над неутралните води на Јапонското Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Русија.
Во соопштението се наведува дека овие два стратешки бомбардери над седум часа летале над неутралните води на Јапонското Море.
Се истакнува дека овие авиони биле придружувани од страна на руските авиони од типот „Су-30ЦМ“ и „Су-35Ц“.
Во соопштението се нагласува дека руските авиони постојано летаат над неутралните води на Пацификот, Црното Море, Балтичкото Море, Северното Атлантско Море, Арктикот.
Според соопштението, сите летови се реализирани во рамки на меѓународните правила во врска со користењето на воздушниот простор.