Rania R.a. Abushamala
15 Јануари 2025•Ажурирај: 16 Јануари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Катарскиот премиер и министер за надворешни работи Мухамед бин Абдулрахман вечерва го објави успехот на посредниците во постигнувањето договор за прекин на огнот во Појасот Газа, истакнувајќи дека неговото спроведување ќе започне во недела, јавува Анадолу.
За време на прес-конференцијата во Доха, Бин Абдулрахман изјави дека првата фаза од договорот ќе трае 42 дена и ќе вклучува ослободување на 33 израелски затвореници во замена за ненаведе број палестински затвореници.
Бин Абдулрахман истакна дека Катар, Египет и Соединетите Американски Држави „ќе работат на обезбедување имплементација на договорот“, со воспоставени механизми за следење на неговото извршување и решавање на евентуални потенцијални прекршувања.
Тој рече дека деталите за втората и третата фаза ќе следат по завршувањето на првата фаза од договорот.
Катарскиот министер изрази надеж дека „нема да бидат спроведени воени операции во периодот пред спроведувањето на договорот“.