Катар објави дека нападот на Иран врз американската база е спречен и нема жртви
о писменото соопштение од Министерството за одбрана е наведено дека воздушниот простор и територијата на Катар се безбедни и дека катарската армија е подготвена да се справи со секоја закана.

ИСТАНБУЛ (АА) - Министерството за одбрана на Катар објави дека ракетниот напад на Иран врз американската воздухопловна база Ал-Удејд е спречен и нема пријавени жртви, известува Анадолу.
Во писменото соопштение од Министерството за одбрана е наведено дека воздушниот простор и територијата на Катар се безбедни и дека катарската армија е подготвена да се справи со секоја закана.
„Катарската воздушна одбрана успешно го спречи ракетниот напад насочен кон воздухопловната база Ал-Удејд. Во инцидентот нема жртви или повредени“, се наведува во соопштението на катарското Министерството за одбрана.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Маџид ал-Ансари, на својот профил на социјалните мрежи објави дека Катар најостро го осудува нападот врз воздухопловната база Ал-Удејд извршен од страна на Иранската револуционерна гарда.
„Катар го смета овој напад за јасно кршење на суверенитетот, воздушниот простор, меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации и потврдува дека го задржува правото директно да одговори во согласност со меѓународното право, пропорционално на формата и обемот на нападот“, наведе Ансари, апелирајќи да им се даде приоритет на дипломатските решенија.
Ансари, исто така, во објавата наведе дека со оглед на тензиите во регионот, базата била евакуирана претходно како дел од безбедносните мерки и дека се преземени сите мерки за да се осигура безбедноста на припадниците на катарската армија и силите пријателски настроени кон неговата земја.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.