Иран изврши напад врз американските бази во Катар и Ирак
Иранската државна телевизија ИРИБ објави дека нападот, наречен „Добра вест за освојување“, бил насочен врз американската база Ал-Удејд во Катар.

ИСТАНБУЛ (АА) - Иран започна воена операција врз американските бази во Катар и Ирак, известува Анадолу.
Иранската државна телевизија ИРИБ објави дека нападот, наречен „Добра вест за освојување“, бил насочен врз американската база Ал-Удејд во Катар.
Иранската новинска агенција ИРНА објави дека е извршен ракетен напад и врз американска база во Ирак.
Израелскиот печат тврди дека нападот што го започна Иран бил насочен врз американските бази во четири различни земји од Заливот.
САД сè уште не излезе со изјава по ова прашање.
Иранските вооружени сили дадоа писмено соопштение на оваа тема.
Во соопштението се вели: „Со одлука на Врховниот совет за национална безбедност на Иран и командата на Централниот штаб Хатамул-Анбија, Корпусот на Револуционерната гарда започна моќен и разорен ракетен напад врз воздухопловната база Ал-Удејд во Катар, во рамките на операцијата 'Добра вест за освојување'.“
Во соопштението се повторува дека американскиот воен напад врз мирнодопските нуклеарни постројки на Иран е јасно кршење на меѓународното право.
Од друга страна, иранската државна телевизија тврди дека 3 ракети паднале врз базата Ал-Удејд.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.