Seyit Aydoğan
19 Јули 2021•Ажурирај: 22 Јули 2021
ТОРОНТО (АА) - Кризата во Канада околу резиденцијалните црковни училишта продолжува, а една од најважните желби на домородното население, обелоденувањето на архивите на училиштата, конечно е исполнета, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Челникот на Федерацијата на суверени домородни нации (FSIN), Боби Камерон, рече дека архивите на најмалку 13 училишта ќе бидат објави од страна на Католичката црква.
„Тоа се добредојдени вести и тоа е почеток и за другите цркви од цела Канада да го сторат истото - објавете ги тие архиви на преживеаните и потомците“, изјави Камерон за „Си-ти-ви њуз“ (CTV News).
По откривањето на она што се верува дека се посмртни останки на 215 ученици закопани на местото на некогашното резиденцијално училиште во градот Камлупс, во канадската провинција Британска Колумбија, Федерацијата на суверени домородни нации го повика папата Франциск да се извини за улогата на католичката црква во резиденцијалните училишта. Таа исто така ја повика Римокатоличката црква да ги објави архивите за резиденцијалните училишта.
„Тие слушаат“, изјави Камерон. „Притисокот што го вршевме врз нив делува, а ние ќе продолжиме да бидеме гласни за нашите преживеани.“