свет, Коронавирус

Канада фрла 13,6 милиони дози вакцини против коронавирусот

„Иако Канада донира околу 9 милиони дози на 21 земја низ светот, 13,6 милиони дози „Оксфорд“/„АстраЗенека“ ќе бидат фрлени бидејќи немаше доволна побарувачка пред крајниот рок“

Burak Bir  | 06.07.2022 - Обновена : 07.07.2022
Канада фрла 13,6 милиони дози вакцини против коронавирусот

ВАНКУВЕР (АА) - Канадските здравствени власти објавија дека околу 13,6 милиони дози од вакцината против коронавирусот „Оксфорд“/„АстраЗенека“, на кои им е истечен рокот, ќе бидат фрлени, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството за здравство се вели дека повеќе од половина од дозите на вакцините се истечени поради малата побарувачка во Канада и во странство.

„Иако Канада донира околу 9 милиони дози на 21 земја низ светот, 13,6 милиони дози „Оксфорд“/„АстраЗенека“ ќе бидат фрлени бидејќи немаше доволна побарувачка пред крајниот рок“, објави „Канадиан прес“ (Canadian Press).

Канада донира повеќе од 6,1 милион дози од вакцината на „Модерна“, но исто така, фрли 1,2 милиони дози вакцини.

Според податоците на американскиот Универзитет „Џон Хопкинс“, од почетокот на пандемијата на коронавирусот, Канада пријавила 3,94 милиони случаи на заразување со коронавирусот и повеќе од 42.000 смртни случаи.

Околу 31 милион жители примиле две дози од вакцината против Ковид-19 во таа земја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın